Шкендија, по елиминацијата на романски Ботошани, на 24. септември во Скопје во 3. квалификациско коло за Лига Европа ќе го пречека англискиот гигант, Тотенхем.
Манеџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо вели дека не знае ништо за Шкендија но пред него е период на анализи како подготвени би допатувале во Скопје. За Португалецот ова ќе биде второ гостување во Македонија по она во 2017 година кога како кормилар на Манчестер јунајтед играше и загуби од Реал Мадрид во УЕФА Суперкупот.
„Не знам ништо за Шкендија, но знам дека сега не чека период на анализи. Во секој случај, ќе биде ист натпревар како и овој во Пловдив. Ќе биде опасно и во Македонија затоа што оваа фаза со по еден натпревар секогаш носи ризик. Да се играа по два натпревари секогаш има можност на гости да играте поопуштено а потоа дома да корегирате. Во секој случај не чека подготовка за гостувањето во Скопје, откако претходно ќе ги завршиме и двата натпревари против Саутемптон во Премиер-лигата и против Лејтон во Купот“ – истакна Мурињо по вчерашниот натпревар во Пловдив, во кој неговиот Тотенхем со судни маки славеше со 1-2 дури во финишот против Локомотив Пловдив во второто квалификациско коло од Лигата на Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА