Мурињо за ВАР: Само крадци се жалат за ставање на камери

Жозе Мурињо се уште е без клуб откако пред крајот на 2018 година беше отпуштен од Манчестер Јунајтед, но португалскиот стратег во меѓувреме работи како ТВ-аналитичар во „Скај Спортс“.

Премиер-лигата од годинава стартуваше со ВАР-технологија, Манчестер Јунајтед остана без победата на дербито со Тотенхем токму по прегледување на снимката, а особено внимание привлече изјавата на Мурињо за ВАР-системот.

„Само крадци можат да се жалат за ставање на сигурносни камери“ – прокоментира „специјалниот“.

Кратко, но доволно за многумина да се препознаат во изјавата.

Се вчитува...