По срамниот пораз во Норвешка од 6-1, Рома и на втората пресметка, сега во Рим, не успеа да слави против Бодо Глимт. „Волчицата“ е среќна со бодот откако двапати се враќаше од негатива на „Олимпико“, благодарение на головите на Ел Шарави и Ибањез.
Жозе Мурињо по мечот упати сериозни критики до УЕФА нагласувајќи дека свесно делегира несоодветни судии за натпреварите од Конференциската лига. Португалецот смета дека неговиот тим повторно бил сериозно оштетен.
„Не одигравме добар натпревар, мора да признаеме дека имавме премногу технички грешки, посебно во првото полувреме, но мора веќе еднаш да се каже дека не ни беа досудени два пенали чисти како ден. А, тие имаа два шута на гол и постигнаа два гола. Сепак, не знам дали за Конференциската лига делегираат судии кои се лоши и кои се на стартот на својата кариера. Не знам што е работата. Имавме лошо судење и на претходните натпревари, но овие пенали беа преочигледни“ – истакна Мурињо по синоќешниот натпревар.
Се чини, ако се погледнат спорните ситуации, овој пат Мурињо беше во право што се однесува околу недосудените пенали.
Jose Mourinho will be furious with referees again, as the lack of VAR in the Europa Conference League denied Roma a penalty against Bodo/Glimt https://t.co/5J4KQFRxts #VAR #ASRoma #RomaBodo #RomaBodoGlimt #UECL
— footballitalia (@footballitalia) November 4, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА