Рома одигра без голови 0-0 против Џенова во натпревар од 24. коло од италијанската Серија А. Во судиското надополнување во вториот дел Николо Заниоло постигна гол за „волчицата“, но по консултација со ВАР тој беше поништен поради фаул.
По натпреварот тренерот на клубот од главниот град на Италија, Жозе Мурињо беше бесен на судиската одлука, велејќи дека едноставно Рома е мала во очите на моќните.
„Што да кажам за голот на Заниоло. Ако тоа е фаул, тогаш ова веќе не личи на фудбал. Може да го наречеме поинаку, да му смислиме ново име затоа што очигледно е нов спорт. На Рома веќе неколку пати и се случува истото годинава. Едноставно Рома е „мала“ во очите на моќните“, изјави бесниот Мурињо.
Рома со ова реми останува на шестата позиција на првенствената табела.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА