Мурињо зема играч од Јувентус

На екипата на Рома предводена од Жозе Мурињо, и е потребен стопер. Португалскиот тренер го пронајде во Јувентус. Станува збор за младиот стопер Ден Хујсен. Станува збор за играч кој има само 18 години, а во Рома ќе мине како позајмен играч до крајот на сезоната.

Причината што Мурињо посегна по стопер се повредите. Смолинг нема скоро да се врати, а Ндика е на Африканскиот куп на нации. Рома има ограничен буџет, па затоа најповолно сценарио би било позајмица на Хјусен.

Хјусен беше пред промоција во Фросиноне како позајмен, меѓутоа сега понудата од Рома најверојатно ќе го премисли.

Се вчитува...