Иако на крајот од минатата сезона се чинеше дека Златан Ибрахимовиќ сигурно нема да го продолжи договорот со Манчестер јунајтед, и тоа како е можно Швеѓанецот, сепак, на крајот од приказната да се врати на „Олд Трафорд“.
Најпрво Лукаку порача дека не може да го добие бројот 9 затоа што не е негов, а сега и Жозе Мурињо дополнително внесе прашалници кај фудбалската јавност во Англија со изјавата дека нема ништо против враќање на Ибрахимовиќ…
„Кога заминуваше, ние одлуката ја оставивме на него, сам да направи онака како мисли дека е најдобро за него и неговата кариера. Што се однесува до мене, нема пречки за негово враќање, ако тој заклучи дека е тоа добро за него. Може да го чекаме, сепак тој во само една сезона даде многу за клубот. Би ни било мило повторно да е со нас“ – рече Мурињо.
Златан изминатава сезона во 46 настапи за Јунајтед постигна 28 гола со девет асистенции, пред да се повреди на дуелот против Андерлехт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА