Муса доби понуда што не се одбива

Џанан Муса и сезонава е меѓу најдобрите кошаркари на Реал Мадрид, но се очекува босанскиот кошаркар летово да ги смени клупските бои откако преговорите за продолжување на соработката не го дадоа посакуваниот резултат. Последните информации говорат дека Муса веќе го има избрано новиот клуб, откако добил неодолива понуда од раководството на Дубаи.

Овој клуб планира сериозно да се активира на пазарот за наредната натпреварувачка сезона, а најзвучно име што ќе пристигне би требало да биде токму Муса. Имено, Босанецот добил понуда за тригодишен договор за вкупно 10 милиони долари плус бонуси, што е три пати повисока сума од онаа што му ја понудил Реал Мадрид.

Муса веќе начелно ја прифатил понудата, но за официјализација на трансферот се чека најпрвин Дубаи да биде официјално примен во Евролигата за наредната сезона, со што овој клуб автоматски и ќе го зголеми буџетот за да може да доведе врвни кошаркари во текот на летово.

Се вчитува...