Јунус Муса е изборот на управата на Милан за ново засилување на средниот ред, во обид да се донесе играч кој според карактеристиките би претставувал замена за Сандро Тонали, кој беше продаден во Њукасл.
„Росонерите“ го комплетираа трансферот на Лофтус Чик од Челси, но паралелно со тоа водат разговори со Валенсија за 20-годишниот Муса, кој веќе ги договори личните услови и е подготвен да потпише петгодишен договор за плата од два милиони евра по сезона. Станува збор за американски репрезетнативец, играч на врска кој ја мина младинската академија на Арсенал, од каде во 2019 година се пресели во Валенсија. Тој ја мина првата сезона во Б-тимот на Валенсија, но потоа се наметна и во првата екипа, каде веќе собра 99 настапи зад своето име.
Валенсија инсистира на отштета од најмалку 25 милиони евра, а првата понуда на Милан изнесувала 17 милиони плус клаузули. Сепак, кај двете страни постои оптимизам дека во наредните денови ќе биде постигнат целосен договор, за Муса да го комплетира трансферот на „Сан Сиро“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА