Херојот во драматичната победа која ја однесе Хрватска во финалето на ЕП 2020 е Жељко Муса, кој го постигна победничкиот гол за „коцкестите“.
Но, Муса не го прифаќа тој епитет нагласувајќи дека ете тој само се погодило да го постигне последниот одлучувачки гол…
„Карачиќ, Карачиќ… Тој е нашиот херој… Тој ми ја додаде топката. Тој е херој, тој е херој… Пишете дека тој е единствениот централен бек кој сака да му додава на Муса. Тој верува во мене! А, во тие мигови само се молев на Бога да ја фатам топката. Потоа се свртев, замижав и шутнав“ – истакна Муса, по големата победа во Стокхолм.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА