Ахмед Муса со два гола донесе триумф на Нигерија над Исланд и донесе голема радост во својата земја, но и во Аргентина, зголемувајќи ги шансите за пласман на „гаучосите“ во следната мундијалска рунда. Сепак, брзоногиот голгетер е оптимист дека неговата селекција по Исланд ќе успее да ја совлада и Аргентина, потенцирајќи дека тој секогаш е дополнително мотивиран кога на спротивната страна го има Лионел Меси.
„Нема зошто да се плашиме, ќе излезе и ќе одиграме најдобро што знаеме. Кога и да играм против Мести, давам по два гола, нека продолжи таа серија. Дадов два гола против Аргентина на последниот мундијал, исто така постигнав два погодоци и за Лестер на дуелот со Барселона. Се може да се случи и на следниот натпревар, зошто пак да не постигнам два гола“ – истакнува Муса.
Овој фудбалер испиша историја, станувајќи најдобар мундијалски стрелец на Нигерија, воедно и прв играч што постигнал голови на два светски шампионати за оваа селекција.
„Многу сум добар во уривање на рекорди, среќен сум за оствареното. Не е нималку лесно, морам да му бидам благодарен на селекторот на поддршката бидејќи без неговата доверба воопшто не би се нашол на теренот“ – вели Муса.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА