Репрезентативецот на Аргентина и член на Вилјареал, Матео Мусакио, ќе биде првото засилување на новите газди на Милан. Мусакио денес ги помина медицинските прегледи пред официјализирање на трансферот, тежок 18 милиони евра. 26-годишниот стопер ќе потпише четиригодишен договор, а ќе заработува 2,5 милиони евра по сезона. Мусакио официјално ќе потпише за Милан утре, како што известија од клубот.
„Росонерите“ го посакуваа Мусакио уште минатото лето, но не го реализираа трансферот бидејќи во тек беа преговорите околу продажбата на клубот, така што никој не смееше да вложи средства за засилувања. Виљареал му понудиле продолжување на соработката, но Мусакио смета дека е време за нов поглавје во неговата кариера, а Милан е клубот со кој ќе испишува нови спомени.
Мусакио за „жолтата подморница“ одигра 275 натпревари од неговото доаѓање во 2009 година. додека за националната селекција на Аргентина забележа шест настапи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА