Мусети го елиминираше Циципас, Беретини, пак, го предаде мечот

Италијанскиот тенисер Лоренцо Мусети го елиминираше Стефанос Циципас во третото коло на АТП турнирот во Мадрид.

Моментално 11-тиот на АТП листата, беше подобар од 18-тиот играч во светот по речиси два часа борба, со 7-5, 7-6 (3). Следниот противник на Мусети ќе биде Алекс де Мињор, кој го победи Денис Шаповалов со 2-0 во сетови.

Британскиот тенисер Џек Дрејпер се пласираше во осминафиналето на турнирот во Мадрид, откако 31-от светски тенисер Италијанецот Матео Беретини му го предаде мечот во третото коло.

Беретини го предаде мечот по првиот сет, во кој Дрејпер, шестиот тенисер на светот, победи со 7-6.

Во осминафиналето, Дрејпер ќе игра со 12-тиот рангиран тенисер во светот, Американецот Томи Пол, кој го победи 25. рангиран тенисер во светот, Русинот Карен Качанов.

Бугарскиот тенисер Григор Димитров се квалификуваше за осминафиналето, откако во третото коло по два сета го победи 68-от играч во светот, Британецот Џејкоб Фирнли, со 6-4, 7-6.

Се вчитува...