Лоренцо Мусети се закити со третата титула во кариерата откако успеа да триумфира на АТП 250 турнирот што се одржуваше во Лион, во финалето совладувајќи го Тејлор Фриц со 6-3, 6-4.
Мусети имаше неверојатна серија од седум загубени финалиња во последните четири години, црна серија што конечно ја прекина со денешниот импресивен триумф. Италијанецот не му дозволи на својот ривал ниту една шанса за брејк, камоли освојување на сервисот.
Лоренцо првите две титули ги освои во 2022 година, во Хамбург и во Неапол, по што следеа седум загубени финалиња од 2024 се до ова денешното во кое италијанскиот тенисер конечно успеа да стигне до победата.
Без оглед на победата Мусети ќе остане на 26. место на АТП-листата, додека Фриц и покрај поразот ќе скокне за една позиција и ќе се најде на 13. место на утрешното рангирање.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
