Мусети со неверојатен пресврт до финале во Монте Карло

Лоренцо Мусети се пласираше во големото финале на мастерсот во Монте Карло откако направи целосен пресврт за победа во полуфиланата пресметка со Алекс де Минор.

Италијанскиот тенисер го загуби првиот сет и тоа со убедливи 1-6, но беше речиси перфектен во продолжението славејќи со 6-4 во вториот сет и 7-6 по тај-брејк од 7-4 во одлучувачкиот, трет сет.

Во големото финале за противник ќе го има Карлос Алкараз.

Се вчитува...