Мусети водеше со 2-0 над Ѓоковиќ, па мораше да го предаде мечот поради повреда

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на Отвореното првенство на Австралија откако Италијанецот Лоренцо Мусети се откажа поради повреда. Италијанецот водеше со 2-0 во сетови, но беше принуден да се откаже кога Ѓоковиќ водеше со 3-1 во третиот сет.

Србинот не беше на нивото на овој меч, но успеа да се пласира меѓу најдобрите четири играчи на турнирот.

Мусети доминираше во првите два сета, играјќи еден од најдобрите мечеви во својот живот. Потоа следуваше и повредата на десниот бут, што го спречи до пласманот во своето прво полуфинале во Австралија.

Мусети побара помош, и се забележуваше дека тешко се движи по теренот, по што потоа се реши да предаде.

Се вчитува...