Мусети: Загубив овде од Ѓоковиќ, но сега има разлика…

Лоренцо Мусети во Париз приреди вистинско изненадување елиминирајќи го се уште актуелниот олимписки шампион Александер Зверев, со што си обезбеди полуфинале со Новак Ѓоковиќ.

Мусети неодамна загуби од Ѓоковиќ во Париз, но сега е убеден дека овојпат има шанса да го победи Новак.

„Подготвен сум да го обезбедам медалот кој го чекаме сто години. Сакам да донесам медал за Италија. Загубив од Ѓоковиќ неодамна на овој ист терен во пет сета, тоа беше голема борба и мислам дека пресуди таа разлика во искуство и физички предиспозиции од третиот до петтиот сет. Но, сега е нешто сосема друго играме во два сета и тоа може да ми помогне да направам разлика“ – вели Мусети пред денешното полуфинале со Ѓоковиќ.

Италијанецот има една победа против Ѓоковиќ и тоа во Монте Карло, но српскиот тенисер води со убедливи 6-1 во меѓусебните дуели.

Се вчитува...