Германија има водство од 1-0 по првото полувреме од дуелот со Унгарија, благодарение на погодокот што го постигна Џамал Мусиала на асистенција на Илкај Гундоган по дваесетина минути игра.
За разлика од првиот меч со Шкотска на кој победникот беше решен по првото полувреме, овојпат Германците ќе мора да останат фокусирани и во вториот дел бидејќи Унгарија покажа дека може да биде многу опасна.
Мусиала го постигна водечкиот погодок откако Гундоган втрча во шеснаесетникот, влезе во дуел со Орбан по што унгарскиот дефанзивец падна, судијата Макиеле не досуди ништо, а во продолжението од акцијата Мусиала стрелаше прецизно во мрежата. Унгарија имаше две одлични шанси за израмнување преку Собослаи, при слободниот удар беше запрен од Нојер, а при обидот од десетина метри неговиот шут го блокираше Тах.
Унгарија во судиското продолжение успеа да постигне гол преку Салаи, но беше поништен поради офсајд. Токму поради овој момент, Германија и покрај целосната контрола над поседот на топката, но избраниците на Нагелсман ќе настојуваат што поскоро да постигнат и втор гол и да ја осигураат победата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА