Џамал Мусиала се појави во стартниот тим на Баерн Минхен на вечерашниот дуел против Волфсбург, на кој германскиот репрезентативец стигна до одличен јубилеј – сто натпревари во Бундес-лигата.
Оваа бројка делува уште поимпресивно ако се знае дека Мусиала ја заокружи „стотката“, а се уште нема наполнето 21 година. Тој го игра денешниот дуел со Волфсбург на возраст од 20 години и 297 дена, со што стана најмлад фудбалер во историјата на Баерн со 100 натпревар во елитното германско фудбалско друштво.
Мусиалаво јули 2019 година го напушти Челси и потпиша договор со Баерн Минхен. Тој своето бундеслигашко деби го имаше на 20 јуни 2020 против Фрајбург, со што стана најмлад фудбалер што настапил за Баерн во Бундес-лигата, на возраст од 17 години и 115 дена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

