Германскиот репрезентативец Џамал Мусиала, ги разочара големите клубови со потпис на нов договор со Баерн Минхен, кој е со важност до 2030 година. Играчот од средниот ред му се приклучи на клубот од Челси во 2019 година. Брзо се наметна како еден од најголемите таленти, и во меѓувреме заигра за Германија, иако играше за младите категории на Англија.
Гигантот од Минхен објави дека е задоволен од новиот договор на Мусиала, како подарок за 125-годишнината на клубот.
„Каков одличен подарок на почетокот на 125-годишнината на клубот. Лушето одат на стадион за играчи како Џамал Мусиала. Тој анвистина е исклучителен играч. Денеска е голем ден за Баерн Минхен“, истакна претседателот на „Баварците“, Херберт Хајнер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

