Мусиала се огласи по тешката повреда со порака за Донарума: „Никој не е виновен…“ (ВИДЕО)

Џамал ​​Мусиала се здоби со сериозна повреда за време на натпреварот меѓу ПСЖ и Баерн во дуелот со Џанлуиџи Донарума, кого многумина го обвинија дека намерно го повредил. Сега младиот играч на Баерн реши да проговори и да испрати јасна порака до Италијанецот.

ПСЖ успеа да го победи Баерн со 2-0 во четвртфиналето на Светското клупско првенство, а за жал главна тема беше сериозната повреда на Мусиала која ја заработи на самиот крај од првото полувреме во дуелот со Донарума. Играчот на Баерн заработи скршеница на ногата.

Многумина веднаш го обвинија Донарума дека го сторил тоа намерно, иако голманот на ПСЖ плачеше додека одеше кон тунелот по првото полувреме од играта. Мусиала веднаш беше однесен во болница каде што му беше дијагностицирана скршеница, а еден ден подоцна по враќањето во Минхен беше опериран и го чекаат најмалку четири месеци закрепнување.

Операцијата беше успешна и Мусиала веќе го започна процесот на закрепнување и одлучи јавно да излезе и да испрати јасна порака до Донарума и до сите што го обвинија Италијанецот за она што се случи.

„Ви благодарам за големата поддршка што ја добив, многу ми значи. Убаво е да се види како фудбалскиот свет се држи заедно во вакви ситуации“ – почна и продолжи Мусиала.

„Операцијата помина добро, одлично се грижат за мене. Само сакам да кажам дека никој не треба да се обвинува за ова, вакви ситуации се случуваат во фудбалот. Сега ќе го искористам следниот период да работам на моето закрепнување и да бидам што е можно попозитивен за да се вратам што е можно поскоро“.

Веднаш по првото полувреме, Донарума отиде во соблекувалната на Баерн за да види дали Мусиала е таму, но другите играчи му рекоа дека нема што да бара и да си оди. Прв кој јавно го прозва Италијанецот беше Мануел Нојер, кој го обвини голманот на ПСЖ дека намерно го повредил Мусиала, што предизвика разни реакции.

Се вчитува...