Mуслера со гол од пенал му донесе титула на Галатасарај (ВИДЕО)

Фудбалерите на Галатасарај славеа со 3-0 над Кајсериспор и со тоа на две кола до крајот стигнаа до титулата во турскиот шампионат.

За Галатасарај ова е 25. титула во првенство, додека Фенербахче веќе цели 11 години чека да го крене пехарот во турскиот шампионат.

На натпреварот на Галатасарај видовме и необичен момент откако во листата на стрелци се запиша голманот Муслера и тоа со удар од белата точка пред крајот на средбата.

Се вчитува...