Македонската фудбалска репрезентација во петок ја очекува дуел со Белгија, најголемиот фаворит во групата за пласман на Светското првенство 2026 година. Македонските репрезентативци веќе една недела се подготвуваат за овој меч, а потоа им следува тешко гостување во Казахстан.
Интересен за белгиските медиуми беше играчот на Сент Труден, Висар Муслиу кој ги искажа своите очекувања за натпреварот.
„Ова за мене ќе биде прв натпревар против Белгија во кариерата“, вели Муслиу и додава:
„Секако на хартија се убедливи фаворити, поради тие големи имиња кои ги имаат“, рече Муслиу за „ Хет Ниусблад“ кој кажа дека после натпреварот веројатно ќе го побара дресот на напаѓачот на Наполи, Ромело Лукаку.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

