Муслиу и Падерборн со победа над Херта во Берлин ја почнаа сезоната во Втората Бундеслига

Македонскиот репрезентативец Висар Муслиу со победа со неговиот Падерборн ја стартуваше новата сезона во Втората германска лига.

Падерборн славеше со 1-2 на гостувањето против Херта во Берлин. Готце и Билбија беа стрелци на головите за Падерборн.

Висар Муслиу одигра одличен натпревар во одбраната на Падерборн, почнувајќи го мечот како стартер и одигрувајќи ги сите 90 минути.

Се вчитува...