Висар Муслиу имаше уште еден одличен настап за македонската репрезентација. Во ситуација кога во одбранбената линија немаше премногу работа, членот на Вардар одлично се снајде по еден корнер на Алиоски и во 36. минута ја затресе мрежата на Лихтенштајн, кршејќи го отпорот на гостите и најавувајќи ја убедливата победа. Муслиу по мечот не го криеше задоволството за голот, но и за целокупното издание на нашиот национален тим, кое дава верба во посветла иднина.
„Среќен сум што го постигнав својот првенец за македонската репрезентација и уште посреќен што прославивме убедлива победа. Мислам дека во следниот циклус ќе можеме да направиме уште подобар пласман, а секако и успеси во Лигата на нации. Македонија има светла иднина во фудбалот, оваа одлична атмосфера треба да ја задржиме и да ја надградиме. Имаме одличен спој на младост и искуство“ – истакнува Висар Муслиу.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА