Македонскиот фудбалски репрезентативец Висар Муслиу е на проба во косовскиот тим Приштина. Ова делува навистина чудно, ако се знае дека дефанзивецот си замина од македонскиот првак Вардар оваа зима откако „најде дупка“ дека бил регистриран како аматер, а од Италија најавија дека за него се интересира калчолигашот Џенова. Во опција беа и кипарскиот коуб Омонија, како и унгарскиот тим Академија Пушкаш, но очигледно дека сите тие се менаџерски финти за на крајот да го убедат раководството на Приштина да потпише финансиски подобар договор.
Муслиу имаше интензивни преговори и со Шкендија, и беше за очекување да потпише со есенскиот првак во македонскиот шампионат. Сепак, тој смета дека Приштина за него е можеби подобра варијанта за продолжување на кариерата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА