ЕКИПА во Гент, Белгија
Горан Бошев
Македонија утре против Белгија го продолжува својот сон да се пласира првпат на едно Светско првенство. Како првопласирана во групата, гостува на главниот фаворит во групата.
Дефанзивецот Висар Муслиу очекува тежок натпревар, и вели дека иако противникот го нема во составот Лукаку, смета дека Белгија е квалитена и дека само со тимска игра можеме да парираме.
„Лесна мисија нема да имаме, тоа си знаеме. Ако го нема Лукаку, има други како Опенда и Башуаји. Не се на ниво на Лукаку, но се играчи за Лигата на шампионите. Мислам дека ќе нема многу промена ако го нема, затоа што Белгија е квалитетна. Не играат поединци, туку игра тимот. Како тим треба да се спротивставиме на една од најдобрите селекции. Мислам дека треба да бидеме на исто ниво како во Скопје и да бидеме на нивото“, изјави Муслиу и додава:
„Белгија си има свои математики, не знам што мислат за нас. Тие покажаа голем респект за нашата репрезентација. Тоа автоматски значи дека и за нив е многу важен натпревар и многу сериозно не гледаат како противник“, вели Муслиу.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

