На вообичаениот секојдневен онлајн-брифинг со македонските медиуми, овој пат дефанзивецот на унгарски Мол Фехервар, Висар Муслиу со своите очекувања од историскиот настап на Европското првенство 2020.
Муслиу потенцираше дека во одлично расположение се очекува настапот на ЕВРО 2020 иако останува уште очекувањето што побрзо на тимот да се приклучи Енис Барди.
„Нема потреба јас да кажувам каква е атмосферата во репрезентацијата затоа што резултатите го кажуваат тоа. Ако нема атмосфера не може да има и резултати. Може да кажам само дека со нетрпение го очекуваме првиот настап на ЕВРО, максимално се подготвуваме од ден за ден и верувам дека подготвени ќе се дочека ова историско учество“ – истакнува Муслиу, кој зад себе веќе има едно Европско првенство со младата репрезентација во 2017 година во Полска.
Факт е дека сега и противниците со поинакви очи ја гледаат Македонија, посебно и по онаа победа над Германија во Дуисбург.
„Да, мислам дека сега и секој противник со поинаков пристап ќе го очекува натпреварот против нас. Нормално е и ние да чувствуваме одреден притисок, затоа што секако посакуваме победа на секој натпревар. На победа ќе одиме и на секој меч на Европското првенство. Со самиот пласман на ЕП веќе покажавме дека имаме квалитет и за многу повеќе“ – вели Муслиу.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА