Муслиу: „Ова е срцето кога се игра за репрезентацијата, до последна капка пот!“

ЕКИПА во Гент,

Горан Бошев

Без сомнение, Висар Муслиу беше еден од најдобрите поединци во македонскиот состав во ремито без голови на синоќешното гостување против големиот фаворит Белгија.

Беспрекорен во одбраната, заедно со Зајков и Стојчевски, столбови во дефанзивата, издвојувајќи се на теренот. Веднаш по мечот Муслиу, онака скромно, само нагласи дека нема тука ништо невообичаено…

„Па, нема ништо невообичаено… Ова е срцето кога се игра за репрезентацијата, секогаш до последната капка пот. Така правиме секогаш, така беше и сега со големиот фаворит. Знаевме дека ќе биде тежок натпревар, знаевме дека ќе има силен атак од Белгијците. Некогаш во фудбалот и играте онолку колку што ви дозволуваат противниците, но ние издржавме до крај. Целиот тим помагаше во одбраната, не беше само до нас. Но, во овој собир се уште ништо не е завршено затоа што сега не чека пресметката со Казахстан во Скопје каде одиме на победа“ – рече Муслиу.

Се вчитува...