Македонскиот репрезентатиец Висар Муслиу ќе мора да биде надвор од терените најмалку еден месец. Тој очекува да се врати на теренит некаде на почетокот на мај, и воедно да биде подготвен за јунските квалификациски натпревари против Украина дома и против Англија на гости.
Муслиу објасни дека станува збор за ложата, и дека очекува за 3-4 недели да почне со тренинзи.
„Веќе една недела имам болка во ложата. Ќе морам да паузирам 3-4 недели, а потоа да почнам со тренинзи“, ни изјави Муслиу.
Дали можеби има опасност да не игра во јунските квалификациски два меча?
„Се надевам дека ќе бидам здрав до тогаш и подготвен. Сега не можам ништо да кажам, најважно ми е сега најпрво да се вратам на тренинзите, а потоа добро да се подготвам. Мислам дека ќе стигнам до тогаш да се рехабилитирам и да бидам на располагање за репрезентацијата“, рече Муслиу.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА