Македонскиот фудбалски репрезентативец Висар Муслиу се наоѓа пред трансфер во унгарскиот Мол Фехервар, тимот каде што настапува и Бобан Николов. Преговорите меѓу двата клуба се во завршна фаза, а Муслиу треба да замине на потпис на договорот откако ќе го одигра реванш натпреварот против Дуделанж во квалификациите за Лигата на Европа.
Според најавите од Унгарија, Шкендија треба да инкасира околу 500.000 евра за трансферот на Висар Муслиу, кој дојде од Вардар, откако претходно формално потпиша за Приштина.
Муслиу минатата сезона одигра 37 натпревари за Шкендија, постигна четири гола и имаше една асистенција, а од специјализираниот портал „Макфудбал“ беше прогласен за најдобар играч за сезоната 2018/19 во Првата фудбалска лига на Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

