Македонската репрезентација денеска го означи почетокот на подготовките за двата квалификациски натпревари против Украина (16. јуни во Скопје) и против Англија (19. јуни во Манчестер).
Максимално позитивно е расположението во националниот табор. Централниот дефанзивец Висар Муслиу верува дека таа позитивна атмосфера во тимот може да се преточи и на терен и, без разлика, на се да се атакува на победа најпрво на дуелот против Украинците.
„Навистина е одлично чувството кога доаѓаме во репрезентацијата. Добро се знаеме веќе меѓу себе, и затоа атмосферата е секогаш максимално позитивна затоа што со нетрпение чекаме да се видиме. Но, таа добро атмосфера треба да се преточи на терен и да дојдеме до позитивни резултати“ – вели Муслиу.
А, тие позитивни резултати сега треба да ги бараме против една Украина во Скопје, и против гигантот Англија во Манчестер…
„Ние сме професиналци и ние мора да мислиме од натпревар на натпревар. Сега најпрво ќе мислиме само на Украина, сакаме добро да се фокусираме добро на тој меч и сигурно, без разлика, на се ќе одиме на победа. Игравме со нив на Европското првенство, но сега е една сосема поинаква приказна, имаме нов селектор и кога играме на домашен терен сигурно размислуваме само на победа“ – истакнува Муслиу.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА