Муслиу прецизен во пенал серијата, но Сент Труден елиминиран од Антверпен

Македонскиот репрезентативец стопер Висар Муслиу, со неговиот Сент Труден е елиминиран од Купот на Белгија во драматичен меч против Антверпен кој беше решен по изведувањето на пенали.

Мечот во регуларниот дел заврши 3-3, а истиот резултат беше актуелен и по продолженијата, по што се премина кон изведување на удари од белата точка.

Таму меѓу стрелците беше и Муслиу кој реализираше во третата серија, но неговите соиграчи промашија во првата и во петата серија, по што Антверпен реализираше четири удари од пенал серијата и се пласираше во 1/4 финалето.

Се вчитува...