Муслиу се повреди, го чека пауза од неколку недели

Стоперот на македонската фудбалска репрезентација Висар Муслиу, ќе остсутвува неколку недели до терените поради повреда на мускулот која ја заработи за време на еден тренинг.

Неговиот клуб Инголштад ја соопшти веста, притоа не прецизирајќи колку време ќе паузира македонскиот репрезентативец.

„Инголштад ќе паузира подолго време. Репрезентативецот на Македонија заработи повреда на мускулот на тренинг, и нема да биде достапен на следните натпревари“, стои во соопштението.

Муслиу со ова е под знак прашалник за финишот од сезоната во која Инголштад нема шанси за влез во 2. Бундеслига. Не е јасно дали Муслиу ќе стигне да се рехабилитира за јунските квалификациски натпревари против Украина во Скопје и со Англија во Манчестер.

Се вчитува...