Муслиу: Се враќам во Инголштад, па ќе видиме…

Македонскиот репрезентативец Висар Муслиу може да има нов клуб ова лето, но се ќе зависи од Инголштад. Германскиот тим испадна во третолигашка конкуренција, па Македонецот ќе сака да игра ранг погоре. Меѓутоа има договор со тимот, па така ќе мора прво да се врати во Инголштад, а потоа по разговорите со раководството ќе се знае дали ќе замине и ќе ја смени средината.

Муслиу зимоска од Мол Види замина во Инголштад, во обид да обезбеди опстанок во „Цвајте“, но не успеа, и сега ќе треба да разговара со својот тим.

„Имам важечки договор со Инголштад. Третата лига во Германија е професионална па треба да се вратам таму. Потоа ќе видиме…“, кратко коментираше Муслиу околу тоа дали ќе има нов клуб ова лето.

За Муслиу има интерес од „Цвајте“ и од еден клуб од Бундеслигата.

Се вчитува...