Македонскиот централен дефанзивец Висар Муслиу отпадна од комбинација за настап на натпреварот против Ерменија поради повреда.
„По направени детални испитувања денеска, утврдено е дека Висар Муслиу има скршеница на една од коските на стапалото. Поради тоа не е во комбинација за настап“ – информираа од македонската репрезентација.
Централниот дефанзивец сега го очекува извесна пауза од фудбалските терен, најмалку во следните три недели.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА