ЕКИПА во Букурешт,
Владимир Булатовиќ, Никола Станикевски, Роберт Спасовски
Висар Муслиу повторно раководеше со одбранбената линија на Македонија, но нашиот национален тим не успеа да го издржи завршниот притисок на противникот, што резултираше со пораз од 3-1. Дефанзивецот изрази жалење за конечниот исход, но и најави подобро издание на нашата репрезентација на вториот натпревар со Украина.
„Мислам дека почнавме емотивно, противникот даде гол, но добро се вративме и изигравме на високо ниво до крајот на полувремето. Тоа беше силно темпо, нешто што го очекувавме. До вториот погодок бевме добро организирани, но Австрија казни една наша деконцентрација во првата зона во одбраната. Имавме неколку полушанси, ако ги искористевме тие ситуации резултатот ќе беше поинаков. Ако ние го дадевме вториот гол се ќе беше на наша страна.
Шансите за осминафиналето не се загубени, треба што побрзо да се опоравиме, да бидеме максимално физички подготвени за следните средби. Ќе ја анализираме Украина, да ги увидиме слабите точки на наредниот противник и со пофокусирана игра да се обидеме да стигнеме до триумф“, изјави Муслиу.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА