Муслиу: Триумфален старт, во Грузија да ја подобриме и играта

Македонија славеше со 2-1 против Ерменија во воведниот меч од новиот циклус во Лигата на нации – група Ц. Одбранбениот фудбалер Висар Мислиу признава дека изданието на „црвено-жолтите“ не беше најдобро, но, сепак, најважен е триумфалниот старт.

„Освоивме три бода, тоа е секако најважно. Играта не беше на посакуваното ниво, секако не сме среќни со изданието, но се надевам дека веќе на следниот меч ќе биде многу подобро. Имаше долга пауза, верувам дека на дуелот со Грузија ќе бидеме уште подобри“, изјави дефанзивецот Висар Муслиу.

 

Се вчитува...