Репрезентативниот дефанзивец Висар Муслиу во изјава за официјалната клупска страница ги презентира првите свои размислувања по трансферот во тетовска Шкендија.
Муслиу, потпишувајќи за Приштина, како позајмен фудбалер доаѓа во Шкендија, притоа оставајќи ги зад себе деновите со Вардар а сега, како што вели, доаѓајќи во најквалитетниот клуб од Македонија…
„Мислам дека во вистински момент доаѓам во Шкендија, кој во моментов е најдобриот клуб во Македонија. Имаше и претходно обиди да дојдам во Шкендија, но според мене сега некако така и се погоди е најдоброто време“ – вели Муслиу и дополнува:
„Секако дека сум задоволен од трансферот, а уште повеќе што само неколку часа по потпишувањето дебитирав против тим каков што е Динамо Загреб. Малку преемотивно влегов во тој меч, но верувам дека брзо ќе се адаптирам на новата средина затоа што тука се голем број фудбалери со кои играв и во младата репрезентација а сега и во сениорската репрезентација на Македонија“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА