Дени Мусовски беше повикан за А-селекцијата на Македонија за претстојниот бараж против Данска, а нашиот голгетер покажа дека во добра форма ќе го дочека овој дуел откако постигна важен гол за својот тим Сиетл во пресметката од шампионскиот куп на Конкакаф против Ванкувер.
Сиетл се наоѓаше во негатива од 0-1 уште од првото полувреме, пред Мусовски одлично да се снајде и со прецизен удар со глава да донесе израмнување во 78. минута.
Неговиот тим до крајот успеа да постигне и втор погодок, што беше сосема доволно за пласман во четвртфиналето.
Musovski climbs and finishes! 😮💨 pic.twitter.com/Vl3EsLbNBw
— Concacaf Champions Cup (@TheChampions) March 19, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

