ЕКИПА во Даблин
Владимир Булатовиќ
Македонската репрезентација ремизираше против Ирска во Даблин играјќи без голови на пријателскиот меч. Вечерва на „Авива“ стадионот кој мина главно во дефанзива на нашиот национален тим, на крајот не дозволивме да се тресе нашата мрежа, додека во нападот немавме некоја посериозна шанса да се заканиме.
Дени Мусовски ги искажа импресиите од овој натпревар, и вели дека нерешеното е добар резултат против силна репрезентација како што е Ирска.
„Тежок и тврд меч против силна селекција. Добро ги сопревме, и ова е добар резултат за нас. Покажавме борбен карактер, речиси цел меч се браневме, но среќни сме поради овој резултат. Нашата одбрана одигра добар меч. Беше тешко да се игра против нив поради тоа што имаа силна одбрана. Што се однесува до мојот настап, оставив добар впечаток, штета само што не добивме шанса можеби да дојдеме и до победа“, изјави Мусовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

