Хасан Мустафа ќе продолжи да го води светскиот ракомет откако 81-годишниот Египќанец убедливо ги победи ривалите на денешното Собрание во Каиро.
Иако критикуван се погласно од европските национални федерации, Мустафа доби апсолутно мнозинство при гласањето. Тој против себе имаше три европски кандидати, но „фараонот“ Мустафа славеше со убедливи 129 гласа од вкупно 176 присутни делегати.
Само за споредба, Словенецот Бобинац го освои второто место со 24 гласа, пред Германецот Буцек со 20 и Холанѓанецот Де Ланге кој освои само три гласови.
Дел од овој Конгрес беше и делегацијата на РФМ сочинета од претседателот Александар Стефан и Генералниот секретар Влатко Тасевски.
„На 40-тиот Конгрес на Меѓународната ракометна федерација (ИХФ), кој се одржува во Каиро 🇪🇬, за претседател на светската куќа на ракометот беше реизбран д-р Хасан Мустафа.
Мустафа е на чело на ИХФ од 2000 година, а ова ќе биде негов нов четиригодишен мандат 🏆.
Ракометната федерација на Македонија упатува искрени честитки 🎉 и посакува успешна соработка и уште поголем развој на македонскиот и светскиот ракомет“, објави македонската куќа на ракометот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

