Жоао Мутињо реши да стави крај на својата авантура во Монако и да се пресели во Премиер-лигата, каде во следните две сезони ќе го носи дресот на Вулверхемптон. Новиот премиерлигаш настојуваше да доведе искусен играч за врска за настап во најсилната лига во светот, а Мутињо одлично се вклопи во целиот проект, уште повеќе ако се знае дека беше достапен за отштета од скромни пет милиони фунти.
Најзаслужен за овој трансфер сепак е менаџерот Жорге Мендеш, кој во последните неколку години одведе неколку португалски фудбалери во Вулверхемптон, воедно носејќи и португалски стратег, екс-тренерот на Порто, Нуњо Еспирито Санто.
Жоао Мутињо имаше значајна улога во шампионската титула од пред две сезони во Франција, а овој 31-годишен играч претходно освои и бројни трофеи како член на Порто.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА