Мутко поднесе оставка на претседателската функција од Фудбалскиот сојуз на Русија

Заменик премиерот на Русија, Виталиј Мутко поднесе оставка на местото претседател на Фудбалскиот сојуз на Русија.

Мутко, кој е доживотно суспендиран од Олимписките игри поради допинг скандалот во Русија, беше еден од најзаслужните за добивање на организацијата на Светското првенство изминатово лето. Исто така беше задолжен и за подготовка и организација на Мундијалот.

До изборот на новиот претседател во февруари следната година, на чело на Фудбалскиот сојуз на Русија ќе го замени претседателот на руската лига, Сергеј Прјадкин.

Се вчитува...