Музети директно со топче удри линиски судија, но не доби дисквалификација како Ѓоковиќ

За време на четвртфиналето на Ролан Гарос меѓу Лоренцо Музети и Френсис Тиафо кој Италијанецот го доби со 3-1, се случи ситуација која предизвика дебата меѓу навивачите.

Во вториот сет, изнервиран одлошата игра, Музети го шутна топчето со нога, а тоа удри во рамото на линискиот судија.

Доби опомена, а многумина се прашуваат дали Италијанецот требаше да биде дисквалификуван.

Како и секогаш во слични случаи, се прави паралела со случајот на Новак Ѓоковиќ на УС Опен 2020 година, кога со топка ја удри судијката по што доби директна дисквалификација.

Се вчитува...