Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз е првиот финалист на вториот гранд-слем турнир во сезоната, Ролан Гарос.
Тој денеска славеше над Лоренцо Музети, кој мораше да му предаде во четвртиот сет при резултат, 4-6, 7-6, 6-0 и 2-0.
Музети одигра одлични два сета, но немаше сила за ништо повеќе бидејќи имаше проблеми со повреда.
Во финалето Алкараз го чека подобриот од дуелот меѓу Новак Ѓоковиќ и Јаник Синер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

