МЗТ Скопје со победа над Работнички од 77-69 во финалето од Купот на Македонија стигна до десеттиот трофеј во престижното натпреварување. Херојот на МЗТ Скопје на овој меч беше капитенот Дамјан Стојановски кој со 19 поени, 5 скока, 3 асистенции и 2 украдени топки беше на врвот на својата задача.
Капитенот одигра најдобро кога беше најпотребни, а беше и творец на поените кои донесоа сигурност за „сино-белите“ на две минути и 24 секунди пред крајот кога при водство од 67-63, постигна тројка преку човек за предност од седум поени за својот состав.
„Го добивме ова финале како екипа, бидејќи одигравме колективно, гиневме еден за друг. Во текот на сезонава имавме доста падови, но денеска не дозволивме такво нешто. Одигравме на највисоко ниво во одбраната, а пресудна беше и ротацијата што ни овозможи да го одржиме силното темпо во текот на целата средба. МВП е само обично признание, за мене лично е многу поважно што стигнавме до победата. Секој од нас можеше да го добие ова признание бидејќи навистина одигравме одличен колективен меч“, истакна Дамајан Стојановски.
За Стојановски ова е трета награда за најкорисен играч во Куп натпреварувањето по 2013 и 2018 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА