МВП Гилџус-Александер влезе во елитно друштво: Не ми се верува…

Кошаркарот на Оклахома Сити Тандер, Шеј Гилџус-Александер е новиот МВП на финалната серија во НБА лигата. Кандаскиот бек имаше извонредна сезона која ја круниса и со признание за најкорисен играч и во регуларниот дел од сезоната па влезе во одбрано друштво.

Имено, тој е само деветтиот кошаркар во историјата на НБА лигата кој во иста сезона го освоил признанието и за МВП на регуларниот дел и разигрувањето за титула по Вилис Рид, Карим Абдул-Џабар, Мозес Малоун, Меџик Џонсон, Мајкл Џордан, Хаким Олајџувон, Тим Данкан и Леброн Џејмс.

„Тешко ми е повредувам дека сум дел од такви група, тешко ми е да верувам дека сум тој кошаркар понекогаш. Како дете сонуваш, секое дете сонува, но никогаш не знаеш дали соништата ќе ти се остварат. Затоа им благодарам на сите кои ми помогнаа да ми се оствари сонот. Тренерите многу работеа со мене на тоа да бидам смирен и да го дадам најдоброто од мене во најважните моменти. На тој начин сите големи играчи го направија своето име“, изјави Гилџус-Александер.

Се вчитува...