Најкорисниот играч во финалната серија, Шарлон Клоф е пресреќен што неговиот тим ја одбрани титулата против Карпош соколи. Изненаден од што ја доби МВП наградата, бекот на Аеродромци вели дека беше фокусиран само на победа на својот тим.
„Се чувствувам одлично, пресреќен сум што го освоивме првенството. Натпреварот беше фантастичен, двете екипи ја посакуваа победата, навивачите уживаа, ова беше вистинско финале. Мило ми е што ги израдувавме фановите, тие се најважни за овој тим, па затоа оваа победа и титула е за нив. Искрено не очекував да ја освојам МВП наградата, бев фокурисан на мечот, сакав само да победиме. Карпош беше рамномерен противник во целата серија, им честитам на борбеноста и упорноста“ – истакна Клоф по натпреварот.
Холандскиот ас го заврши натпреварот со 29 поени, седум скока и пет асистенции, негов најдобар натпревар во дресот на МЗТ Скопје кога беше најважно за старо-новиот шампион на Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА