МВП на 11. коло во ПЛМ – Тоше Златев (ВИДЕО)

Единаесеттото коло кое го одбележа првиот дел од сезоната во Првата кошаркарска лига донесе шест возбудливи натпревари на терените ширум Македонија по кои на победи се радуваа МЗТ Скопје, Чаир 2030, Еуро Никел, Пелистер, Работнички и ТФТ.

Најкорисниот играч на колото ни доаѓа од кавадаречките редови и тоа е Тоше Златев.

Бекот на Еуро Никел го одбележа 11. коло забележувајќи трипл-дабл учинок од 24 поени, 11 скокови и 11 асистенции за индекс на корисност од 42.

Се вчитува...