Регионалната АБА лига информираше дека трофејот за најдобар играч во регуларниот дел од сезоната ќе го носи името по Дејан Милојевиќ.
Акционерите на АБА лигата со едногласна одлука потврдија дека МВП наградата во иднина ќе биде препознатлив како „Дејан Милојевиќ трофеј“.
Милојевиќ, кој трагично по срцев удар на 46-годишна возраст го загуби својот живот, е рекордер во регионалното натпреварување со три едноподруго МВП награди. Рекордер е и во АБА и по најдобар индивидуален настап во победата на Будуќност над Ловќен на 3. јануари 2004 година со индекс на корисност од дури 59.
Во АБА лигата играше настапувајќи за ФМП Железник, Будуќност и Партизан, а беше тренер потоа и на Мега и Будуќност. Како тренер остави силен траг во развојот на младите играчи во Мега кои потоа стигнаа до НБА лигата како Никола Јокиќ, Василије Мициќ, Влатко Чанчар, Ивица Зубац…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА